НОРВЕШКА ГИ ЗАТВОРА ГРАНИЦИТЕ ЗА СИТЕ КОИ НЕ ЖИВЕАТ ВО ЗЕМЈАТА ПОРАДИ НОВИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУС

    НОРВЕШКА ГИ ЗАТВОРА ГРАНИЦИТЕ ЗА СИТЕ КОИ НЕ ЖИВЕАТ ВО ЗЕМЈАТА ПОРАДИ НОВИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУСНорвешка на 23 јануари воведе карантин во регионот на главниот град Осло (Фото: Ројтерс)

    Норвешка ќе ги затвори своите граници за сите несуштински посетители, соопшти премиерката Ерна Солберг, со што земјата ќе воведе некои од најстрогите ограничувања за патувања во Европа.

    „Во пракса, границите ќе бидат затворени за сите кои не живеат во Норвешка. Мутираниот вирус значително се прошири во голем број земји, но не во степен како во Норвешка, Данска и Велика Британија“, изјави Солберг.

    Норвешка, која не е членка на ЕУ, претходно воведе карантин во регионот на главниот град Осло поради ширењето на новиот, попренослив сој на коронавирус, што првпат беше идентификуван во Британија. Сите несуштински продавници во и околу Осло се затворени за првпат од почетокот на пандемијата.

    Норвешка досега ја има една од најниските стапки на зараза во Европа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира