НОВ ПРЕДИЗВИКУВАЧ НА ОРБАН ОРГАНИЗИРАШЕ ГОЛЕМ ПРОТЕСТ ВО БУДИМПЕШТА

    НОВ ПРЕДИЗВИКУВАЧ НА ОРБАН ОРГАНИЗИРАШЕ ГОЛЕМ ПРОТЕСТ ВО БУДИМПЕШТА„Промената почна и не може да биде запрена“, кажа Петер Маџар на протестот. (Фото: ХВГ)

    Десетици илјади Унгарци протестираа против владата во саботата во еден од најголемите протести изминативе години, а организатор беше поранешен инсајдер во владата на долгогодишниот премиер Виктор Орбан.

    Петер Маџар, адвокат и поранешен дипломат кој порано припаѓаше на елитниот круг околу владејачката партија Фидес, сега се обидува да ја загрози позицијата на Орбан.

    Маџар, кој претходно беше во брак со поранешна унгарска министерка за правда, се обидува да создаде нов вид на опозициско движење.

    Во саботата попладне, млади луѓе, пензионери и фамилии со деца маршираа низ центарот на Будимпешта и на крајот едвај ги собра на големиот плоштад пред парламентот.

    Некои држеа транспаренти со имињата на нивните градови, а многумина беа со унгарски знамиња.

    „Отсега, ништо нема да биде како што беше. Промената почна и не може да биде запрена“, кажа Маџар на протестот, претставувајќи ја својата проевропска платформа.

    Пред насобраните демонстранти, тој рече дека медиумите и обвинителството во земјата не се независни, обвини за висока корупција и најави дека ќе формира партија која што ќе учествува на изборите за Европскиот парламент во јуни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира