НОВ ЗЕЛАНД ИМА САМО ЕДЕН АКТИВЕН СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС

    НОВ ЗЕЛАНД ИМА САМО ЕДЕН АКТИВЕН СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУСПристапот на владата на Џесинда Ардерн кон пандемијата доби пофалби низ цел свет (Фото: Гети)

    Нов Зеланд, кој има пет милиони жители, објави дека е блиску до искоренувањето на коронавирусот, бидејќи во земјата има само уште еден активен случај.

    Здравствените власти кажаа дека цела недела не е откриен нов случај на зараза. Од досега заразените 1.504 луѓе, починале 22. Последниот активен слулај е жител на Окленд во 50-ти години и властите очекуваат и тој да заздрави.

    Пристапот на Нов Зеланд кон пандемијата, кој вклучи рано воведување рестриктивни мерки, доби пофалби низ цел свет. Иако земјата укина најголем дел од коронамерките, таа засега не планира да ги отвори границите.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари