НОВАТА ШЕФИЦА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА Е МАЈКА НА СЕДУМ ДЕЦА КОЈА СЕ ПРОБИ ВО ПОЛИТИКАТА СО ПОМОШ НА МЕРКЕЛ

    НОВАТА ШЕФИЦА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА Е МАЈКА НА СЕДУМ ДЕЦА КОЈА СЕ ПРОБИ ВО ПОЛИТИКАТА СО ПОМОШ НА МЕРКЕЛСе активираше во политиката дури на 43 години. - Урсула фор ден Лајен при посетата на Македонија лани во септември (Фото: СДК.МК)

    По тридневни преговори, лидерите на Европската Унија синоќа ја номинираа германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен за нов шеф на Европската комисија. Ако нејзиниот избор биде одобрен од Европскиот парламент, таа ќе стане прва жена на оваа функција.

    Тоа не би било првпат 60-годишната мајка на седум деца да испише историја – во 2013, таа стана прва министерка за одбрана на Германија. Родена и порасната во Брисел, Фон дер Лајен важи за најблиска соработничка на Ангела Меркел и е единствен постојан член на нејзиниот кабинет откако таа стана канцеларка во 2005.

    Иако релативно доцна влезе во политиката, на 43 години, таа е цело време присутна во нејзиното семејство, имајќи предвид дека татко ѝ Ернст Албрехт беше премиер на Долна Саксонија и генерален директор на Европската комисија.

    Студирала економија во Германија и Лондон, кадешто го користела псевдонимот Роуз Ледсон, бидејќи била потенцијална мета на западногерманските левичарски екстремисти, а потоа се префрлила на медицина, станувајќи гинеколог.

    Она што ја издвојува Фон дер Лајен е и што има седум деца, што е вистинска реткост во Германија, кадешто просекот изнесува 1,59 деца.

    Иако членка на Христијанско-демократската унија од 1990, таа се активираше во политиката дури 11 години подоцна, а во Бундестаг првпат беше избрана во 2009.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира