НОВИ 832 МРТВИ ОД КОВИД-19 ВО ШПАНИЈА, ВКУПНО НАД 5.500

    НОВИ 832 МРТВИ ОД КОВИД-19 ВО ШПАНИЈА, ВКУПНО НАД 5.500Шпанија бележи нов еднодневен пораст на бројот на мртви (Фото: ЕПА)

    Шпанија ја надмина бројката од 5.000 мртви од КОВИД-19 откако во последните 24 часа починале дури 832 луѓе. Ова е нов еднодневен пораст откако вчера имаше 769 починати.

    Вкупната бројка починати во земјата сега изнесува 5.690 и повеќе има само во Италија.

    Во земјата се потврдени и нови 8.189 случаи на зараза, а вкупно 72.248.

    Вонредната состојба во Шпанија беше продолжена до 12 април.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари