НОВИ ПРОТЕЧЕНИ ДОКУМЕНТИ ОД КИПАР ОТКРИВААТ ДЕКА АБРАМОВИЧ ИМ ПРЕФРЛИЛ МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА ЛУЃЕ ОПИШАНИ КАКО „ПАРИЧНИЦИ“ НА ПУТИН

    НОВИ ПРОТЕЧЕНИ ДОКУМЕНТИ ОД КИПАР ОТКРИВААТ ДЕКА АБРАМОВИЧ ИМ ПРЕФРЛИЛ МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА ЛУЃЕ ОПИШАНИ КАКО „ПАРИЧНИЦИ“ НА ПУТИНАбрамович досега негираше дека имал какви било финансиски врски со Путин (Фото: АП)

    Нови протечени документи откриваат трага на пари која ги поврзува Роман Абрамович и двајца мажи кои се наречени „паричници“ на Владимир Путин. Бившиот газда на Челзи, кој се наоѓа под британски и европски санкции, досега негираше дека имал какви било финансиски врски со Путин.

    Документи протечени од Кипар откриваат нови докази за тајна зделка помеѓу Абрамович и луѓе блиски на Путин од 2010, вредна 40 милиони долари. Со оваа зделка двајца членови на потесниот круг на Путин добиле акции во руската рекламна компанија „Видео интернешнал“ за помалку од нивната реална вредност.

    Се наведува дека станува збор се челистот и близок пријател на Путин, Сергеј Ролдугин и биохемичарот и бизнисмен Александар Плехов. Тие се обвинети дека дејствувале како „паричници“ на Путин, криејќи пари и други средства во негово име. Во почетокот на оваа година, швајцарските обвинители открија дека тие не се вистинските сопственици на средствата депонирани во тамошни банки.

    Официјални податоци велат дека Путин во 2021 имал плата од 100.000 долари, но се проценува дека вредноста на неговото богатство се движи меѓу 125 и 200 милијарди долари, скриени во мрежа на фиктивни компании и на сметки на пријатели.

    САД, Велика Британија и Европска Унија воведоа санкции за Плехов и Ролдугин, кој е опишан како чувар на тајното богатство на Путин.

    Кипар објави дека ќе ја засили контролата во својот финансиски сектор откако истрага на Бирото за истражувачко новинарство откри дека руски олигарси префрлиле стотици милиони долари во оваа држава, очекувајќи да се најдат под санкции по почетокот на руската инвазија на Украина.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира