НОВИОТ СОЈ ОМИКРОН БИЛ ПРИСУТЕН ВО ЕВРОПА ПОРАНО ОД ШТО СЕ МИСЛЕШЕ

    НОВИОТ СОЈ ОМИКРОН БИЛ ПРИСУТЕН ВО ЕВРОПА ПОРАНО ОД ШТО СЕ МИСЛЕШЕПоради новиот сој, земјите низ светот повторно воведуваат мерки и ограничувања (Фото: АП)

    Новиот сој на коронавирусот омикрон бил присутен во Европа порано од што се мислеше. Холандските здравствени власти кажаа дека го откриле сојот во два тест-примерока земени на 19 и 23 номеври.

    „Нејасно е дали овие луѓе го посетиле југот на Африка“, кажаа од Националниот институт за јавно здравје.

    За овој сој првпат се слушна минатата недела, а Јужна Африка го пријавила во Светската здравствена организација на 24 ноември.

    Најмалку 14 луѓе кои пристигнале во Холандија со два лета од Јоханесбург и Кејптаун на 29 ноември имале позитивен тест на омикрон. Европскиот центар за контрола и превенција на болести кажа дека досега во ЕУ се потврдени 42 случаи на зараза со омикрон. Сите биле со благи симптоми или воопшто ги немале.

    Поради новиот сој, земјите низ светот повторно воведуваат мерки и ограничувања. Од денеска, во Велика Британија повторно мора да се носи маска во јавен превоз и продавници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира