НОВИОТ ВИРУС СЕ ПРЕНЕСУВА ОД ЧОВЕК НА ЧОВЕК, ПОТВРДИЈА КИНЕСКИТЕ ВЛАСТИ

    НОВИОТ ВИРУС СЕ ПРЕНЕСУВА ОД ЧОВЕК НА ЧОВЕК, ПОТВРДИЈА КИНЕСКИТЕ ВЛАСТИНаучници утврдија дека станува збор за нов вид коронавирус, досега непознат кај луѓето (Фото: ЕПА)

    Кинеските власти потврдија дека новиот вирус што се појави во земјата може да се пренесе од човек на човек, откако бројката заболени станала тројно поголема викендов.

    Досега се потврдени повеќе од 200 случаи, главно во Вухан, каде што вирусот првпат и бил идентификуван пред нова година, но респираторната болест е детектирана и во Пекинг, Шангај и Шенџен, но и во Јапонија, Јужна Кореја и Тајланд. Познато е дека три лица досега починале.

    Иако се верува дека инфекцијата потекнала од пазар во Вухан, официјални лица и научници засега не знаат како се проширила. Тие утврдија дека станува збор за нов вид коронавирус, досега непознат кај луѓето, што предизвикува еден тип пневмонија. Тој засега нема име.

    Сарс, кој е најпознат вид на коронавирус, уби 774 луѓе пред 15-ина години, главно во Азија.

    Во Вухан, град во централна Кина со 11 милиони жители, бројката на заболени викендов се зголемила од 62 на 136. Деветмина од заразените се во критична состојба.

    Светската здравствена организација засега не препорачува ограничувања во патувањето и трговијата, додека аеродроми во Сингапур, Хонгконг, Јапонија и САД почнаа со скрининг на патници.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира