НОВИТЕ КОРОНАМЕРКИ ВО БРИТАНИЈА БИ МОЖЕЛЕ ДА ТРААТ И ШЕСТ МЕСЕЦИ, КАЖА ПРЕМИЕРОТ ЏОНСОН

    НОВИТЕ КОРОНАМЕРКИ ВО БРИТАНИЈА БИ МОЖЕЛЕ ДА ТРААТ И ШЕСТ МЕСЕЦИ, КАЖА ПРЕМИЕРОТ ЏОНСОНЏонсон побара од Британците да работат од дома ако се во можност и го ограничи работното време на пабовите и рестораните до 22 часот (Фото: АП)

    Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека новите рестриктивни мерки во земјата би можеле да бидат на сила шест месеци, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во претстојниот период.

    Тој се обрати во парламентот ден откако Британија ја зголеми тревогата за коронавирусот од 3 на 4, што значи дека пренесувањето е високо или расте експоненцијално. Главниот научен советник на владата претходно предупреди дека Британија може да се соочи со 50.000 нови случаи на зараза дневно ако ништо не се преземе.

    „Нема да штедиме напори во развивањето на вакцини и на нови третмани и форми на масовно тестирање, но ако не направиме напредок на тоа поле, рестриктивните мерки што ги соопштив би можеле да бидат на сила и шест месеци. Вирусот е факт и ова е моментот кога мора да дејствуваме“, кажа Џонсон.

    Тој побара од Британците да работат од дома ако се во можност и го ограничи работното време на пабовите, баровите и рестораните до 22 часот.

    „Владата има докази дека коронавирусот повеќе се пренесува подоцна во ноќта откако ќе се испие повеќе алкохол“, кажа Џонсон.

    Владата го одложи враќањето на публиката на спортските натпревари, ги ограничи венчавките на само 15 луѓе, а носењето маска во јавен превоз и такси ќе биде задолжително.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира