НОВОРОДЕНА ТРОЈКА ВО МЕКСИКО ПОЗИТИВНА НА КОРОНАВИРУС

    НОВОРОДЕНА ТРОЈКА ВО МЕКСИКО ПОЗИТИВНА НА КОРОНАВИРУССе испитува дали вирусот бил пренесен на бебињата преку плацентата на мајката (Фото: Гети)

    Новородена тројка во Мексико имаше позитивен тест на коронавирус во досега незабележан случај, објавија тамошните здравствени власти.

    Лекарите сега испитуваат дали вирусот бил пренесен на бебињата преку плацентата на мајката. Две од бебињата се во стабилна состојба, но второто момче има респираторни проблеми.

    Портпаролот на Националниот комитет за здравствена безбедност изјави дека заразата кај новородени близнаци и тројки досега не е забележана никаде на светот и затоа случајот ќе се истражи.

    Досега се познати малку случаи кога новородени бебиња се заразиле со коронавирус по раѓањето, но мексиканските здравствени власти не веруваат дека тоа се случило сега.

    „Би било невозможно тие да се заразат во моментот на раѓањето“, кажа државната секретарка за здравство Моника Лилијана Мартинес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира