И ЊУЈОРК ВОВЕДЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ЗА ДА ИЗБЕГНЕ НОВИ УНИШТУВАЊА ВО ПРОТЕСТИТЕ

    И ЊУЈОРК ВОВЕДЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС ЗА ДА ИЗБЕГНЕ НОВИ УНИШТУВАЊА ВО ПРОТЕСТИТЕДемолиран и ограбен ресторан во њујоршката населба Сохо (Фото: СДК.МК)

    Њујорк воведе полициски час додека се обидува да избегне уште една ноќ на уништување, што ги фрла сенка на протестите против полициска бруталност и расизам, кои уследија по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина минатиот понеделник кога бил приведуван од полицијата. Смртта на Флојд и официјално е е оквалификувана како убиство.

    Полицискиот час ќе биде на сила од 23 до пет часот, при што Њујорк се придружува на десетици градови низ САД кои во изминатите денови воведоа ваква мерка, што, сепак, не ги спречи демонстрантите да палат, ограбуваат и да се тепаат со полицијата. Њујорк е меѓу градовите кои беа сведоци на некои од најжестоките нереди.

    „Не смееме да дозволиме насилството да ја засени пораката на овој момент“, кажа градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, чија ќерка беше уапсена на вчерашниот протест.

    Дваесет и едногодишен маж беше застрелан во населбата Сохо на Менхетн, каде што вчераутро беа видливи последиците од насилствата, при што беа оштетени голем број дуќани и други бизниси.

    Освен Њујорк, полициски час досега воведоа најмалку 40 градови, вклучувајќи ги Лос Анџелес, Чикаго, Филаделфија, Сиетл, Детроит и Мајами, додека во некои сојузни држави, како Тексас и Вирџинија, е прогласена вонредна состојба.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари