ЊУЈОРШКИТЕ БОМБИ БИЛЕ НАПРАВЕНИ ДА ПРЕДИЗВИКААТ МАКСИМУМ ЖРТВИ

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"Њујорк,(ЊујоркТајмс)

    ЊУЈОРШКИТЕ БОМБИ БИЛЕ НАПРАВЕНИ ДА ПРЕДИЗВИКААТ МАКСИМУМ ЖРТВИ

    Бомбата што повреди 29 луѓе во областа Челзи во Њујорк во саботата вечер по локално време и уште една што не експлодираше во близина, биле полни со шрапнели и биле направени од експрес лонци, мобилни телефони и новогодишни сијалички, соопшти њујоршката полиција.

    Двете бомби биле направени за да предизвикаат максимум хаос и жртви, но, исто така, оставија богатство од докази, иако засега нема ниту осомничени за нападот. Висок полициски функционер кажа дека лонците биле полни со „материјали што се распрскуваат“. Бомбата што експлодираше била полна со мали метални топчиња, а и втората бомба, пронајдена во близина била полна со сличен материјал.

    Доцна синоќа, полицијата соопшти дека идентификувала „лице од интерес“ во врска со бомбашкиот напад, но лицето не беше наречено осомничено. Од полицијата велат дека се повеќе се убедени дека нападот во Челси е поврзан со бомбашкииот напад што се случи 11 часа претходно во Њу Џерси, но властите посочија дека треба да се споредат сите три бомби пред да се извлекуваат заклучоци.

    Сите три бомби биле ставени во канти за ѓубре и бил користен мобилен телефон како тајмер, откри полицијата. Властите велат дека засега не знаат за каков било мотив, политички или општествен, за ниту еден од нападите. Гувернерот на државата Њујорк Ендрју Куомо кажа дека „нема докази за меѓународен тероризам во врско со овој инцидент“ и додаде дека ниту една меѓународна терористичка група не презела одговорност.

    За споредба, Исламска држава брзо презеде одговорност за нападот со нож во трговски центар во Минесота во кој беа повредени девет луѓе, пред да биде убиен напаѓачот од полицаец, кој не бил на должност за време на нападот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира