ОБАМА, БУШ И КЛИНТОН ЌЕ ПРИМАТ ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ПРЕД КАМЕРИ ЗА ДА ПОКАЖАТ ДЕКА Е БЕЗБЕДНА

    ОБАМА, БУШ И КЛИНТОН ЌЕ ПРИМАТ ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 ПРЕД КАМЕРИ ЗА ДА ПОКАЖАТ ДЕКА Е БЕЗБЕДНАОбама, Буш и Клинтон се обидуваат да ги убедат Американците да се вакцинираат (Фото: Гети)

    Поранешните американски претседатели Барак Обама, Џорџ Буш и Бил Клинтон доброволно ќе примат вакцина против ковид-19 пред камери откако таа ќе биде одобрена од Агенцијата за храна и лекови, за да ја кренат свеста на јавноста за безбедноста на вакцинирањето.

    Тие се надеваат дека нивната кампања ќе испрати моќна порака, додека здравствените власти се обидуваат да ги убедат луѓето да се вакцинираат. Шефот на кабинетот на Буш изјави дека тој стапил во контакт со д-р Ентони Фаучи и со координаторката на тимот за борба против коронавирусот на Белата куќа, Дебора Биркс, за да види како може да помогне да се промовира вакцинирањето.

    „Пред неколку недели, претседателот Буш ги извести Фаучи и Биркс дека кога ќе дојде време, тој сака да ги охрабри Американците да се вакцинираат. Како прво, треба да се потврди безбеноста на вакцините, а потоа тој со задоволство ќе ја прими пред камери“, изјави Фреди Буш.

    И Клинтон и Обама кажаа дека тие дефинитивно ќе се вакцинираат кога ќе дојдат на ред.

    „Ако Фаучи каже дека вакцината е безбедна, јас му верувам и тогаш ќе се вакцинирам. Во луѓе како Ентони Фаучи имам целосна доверба. Можеби ќе го направам тоа пред камери за да видат луѓето дека верувам во наука“, изјави Барак Обама.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира