ОБАМА ВЕЛИ ТРАМП Е НЕСПОСОБЕН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"САД,(Би-Би-Си)

    ОБАМА ВЕЛИ ТРАМП Е НЕСПОСОБЕН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

    Американскиот претседател Барак Обама рече дека републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп не е способен да биде претседател, и праша зошто неговата партија сѐ уште го поддржува њујоршкиот милијардер.

    „Дојде до дереџе на кое се вика: Доста,“ рече Обама.

    Трамп е остро критикуван оти ги нападна родителите на загинатиот американски војник муслиман Кан одликуван со највисокиот орден Златна ѕвезда, кои зборуваа против него. Исто така, го осудуваат и дека ја поддржува руската анексија на Крим.

    Обама рече дека имал политички разлики со претходните републикански претседатели и кандидати – но додаде дека никогаш не сметал оти тие нема да функционираат како претседатели.

    „Републиканскиот кандидат не е способен да биде претседател и продолжува тоа да го докажува. Фактот дека нападнал семејство на одликуван паднат војник што има направено такви извонредни жртви, значи дека тој не е подготвен да ја врши својата работа“, рече Обама.

    Обама им се обрати и на републиканските лидери кои често се судираа со Трамп поради неговите изјави и политики за жените, имигрантите без документи и муслиманите.

    „Што кажува ова за вашата партија ако овoj е вашиот знаменосец? Ова не е ситуација кога имате епизоди со гафови, ова веќе на дневна и неделна основа тие се дистанцираат од неговите изјави“, рече Обама.

    Водечките републикански лидери како спикерот на преставничкиот дом Пол Рајан и лидерот на мнозинствотот во Сенатот Мич Меконел многу го критикуваат Трамп, но сепак останаа негови поддржувачи.

    Денеска, преставникот на Њујорк Ричард Хана стана првиот републиканец во Конгресот кој јавно рече дека ќе гласа за Хилари Клинтон. Хана рече дека коментарите на Трамп за семејството Кан се одлучувачкиот фактор за тоа.

    До неодамна, многу републиканци кои му се противат на Трамп не кажуваа дека ќе гласаат за Клинтон, велејќи дека ќе гласаат за кандидат од трета партија или независен кандидат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира