ОБАМАКЕР Е НЕУСТАВЕН, ПРЕСУДИ ФЕДЕРАЛЕН СУДИЈА ОД ТЕКСАС

    ОБАМАКЕР Е НЕУСТАВЕН, ПРЕСУДИ ФЕДЕРАЛЕН СУДИЈА ОД ТЕКСАСУкинувањето на Обамакер беше едно од предизборните ветувања на Трамп (Фото: ЕПА)

    Федерален судија од Тексас донесе одлука дека клучен дел од Обамакер, системот на здравствена заштита што го воведе Барак Обама, е неуставен, што од неговиот наследник Доналд Трамп беше поздравено како одлична вест.

    Коалиција на 20 сојузни држави го однесе случајот пред суд, сметајќи дека целиот закон се поништува со измената во даночните правила донесена минатата година, која ја елиминира казната за оние кои немаат здравствено осигурување. Се очекува случајот сега да оди на Уставен суд.

    „Зачуден, но не и изненаден! Обамакер тукушто е прогласен за неуставен од високо почитуван судија од Тексас. Ова се одлични вести за Америка!“, напиша Трамп на Твитер.

    Едно од ветувањата на Трамп во предизборната кампања беше дека ќе го укине Обамакер, кој имаше за цел да им обезбеди здравствено осигурување и на Американците кои не можеа да си го дозволат. Иако републиканците имаат мнозинство во двата дома на Конгресот, Обамакер продолжи да функционира.

    Сепак, минатата година, Конгресот го укина задолжителното барање луѓето да купат здравствено осигурување или ќе платат даночна казна. Последното беше поништено лани, со усвојувањето на даночниот закон од 1,5 трилиони долари, па судијата од Тексас заклучи дека барањето сега е неуставно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира