ОБОЖАВАТЕЛКА НА ПУТИН КАЗНЕТА НА СУД ВО КЕЛН

    ОБОЖАВАТЕЛКА НА ПУТИН КАЗНЕТА НА СУД ВО КЕЛНЕлена Колбасникова организираше низа акции за поддршка на Путин и Русија за која смета дека не е е агресор во Украина. (Фото: Имаго)

    Елена Колбасникова и во Германија е позната по нејзините проруски погледи. Судот во Келн ѝ изрече казна поради одобрување на злосторства, неприфаќајќи го нејзиниот став дека само „слободно го изразува своето мислење“. Како што објави Дојче веле, Колбасникова ладно ја прими пресудата на Окружниот суд во Келн: „30 дена затвор или морам да платам 30 евра по ден. 900 евра во државната каса за убивање луѓе во Донбас од 2014 година. Тоа е вистината за луѓето во Германија“, изјави таа пред руските новинари кои известуваа за овој процес.

    „Уште сум жива и ќе продолжам да ја зборувам вистината“, вели 48-годишната Колбасникова, која всушност е државјанка на Украина. Додава дека е спремна да биде и казнета за „ослободување на Украина од нацистите“, а во секој случај се надева дека „наскоро ќе добие руски пасош.“

    Интересот за ова судење одржано на 6 јуни пред Окружниот суд во Келн беше голем. И германските медиуми ја нарекуваат Колбасникова „Путинова симпатизерка“, зашто на сите начини го пропагира мислењето на Кремљ и на Русија во војната во Украина. Таа организираше цела низа акции за поддршка на Путин и Русија, а нејзиниот став може да се сублимира во реченица од интервјуто кое го даде за германскиот весник „Билд“: „Русија не е агресор. Русија помага за завршување на војната во Украина.“

    Еден час пред почетокот на судењето пред судот почнаа да се собираат нејзини истомисленици, но и противници. Беа истакнати плакати со натпис „Треба да се победи Путин и неговите нацисти“, а ако се бројат и новинарите, беше многу тешко да се биде дел од 35 посматрачи, колку што собира во салата на судот.
    Од судницата по туркањето со еден друг посетител, беше исфрлен сопругот на обожавателката на Путин, Макс Шлунд. И тој својски ја дели наклонетоста кон Путинова Русија со својата сопруга, па макар и да има сериозни последици по него. Тој беше вработен во аеродромот Келн-Бон, во ресорот за безбедност, но доби отказ. Против отказот поведе тужба против работодавачот пред Управниот суд во Келн, но судот во мај ја одби неговата тужба.

    Германските медиуми пишуваат дека оваа брачна двојка собира пари за руската војска, а есента 2022 година донираната опрема лично им ја предале на руските војници во Донбас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира