ОД УТРЕ ВО РОМАНИЈА ПАК СЕ ВОВЕДУВА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ СЛУЧАИ НА КОВИД-19

    ОД УТРЕ ВО РОМАНИЈА ПАК СЕ ВОВЕДУВА ПОЛИЦИСКИ ЧАС ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ СЛУЧАИ НА КОВИД-19Само 35 отсто од полнолетните Романци се целосно вакцинирани против ковид-19, споредено со просекот на ЕУ од 74 отсто. (Фото: ЕПА)

    Романската влада од утре пак воведува полициски час и задолжително носење маски на сите јавни места, поради најлошата здравствена ситуација откако почна пандемијата.

    Носењето заштитни маски ќе биде задолжителна на затворено и на отворено на сите јавни простори, како и на работните места и во јавниот превоз. Полицискиот час ќе биде од 22 до 5 часот. Мерките се со важност од 30 дена.

    Во Романија, просекот на новозаразени со коронавирус е поголем од 4 на 1.000 луѓе во последните 14 дена. Само 35 отсто од полнолетните Романци се целосно вакцинирани против ковид-19, споредено со просекот на ЕУ од 74 отсто.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира