ОДЛУКАТА ДА ГИ РАКЕТИРАМЕ ТЕЛ АВИВ И ЕРУСАЛИМ ЗА НАС Е ПОЛЕСНА ОД ПИЕЊЕ ВОДА, ВЕЛИ ХАМАС

    ОДЛУКАТА ДА ГИ РАКЕТИРАМЕ ТЕЛ АВИВ И ЕРУСАЛИМ ЗА НАС Е ПОЛЕСНА ОД ПИЕЊЕ ВОДА, ВЕЛИ ХАМАСБројот на загинати во Газа порасна на 87, додека во Израел се убиени седум лица (Фото: АП)

    Хамас продолжи да лансира ракети длабоко во територијата на Израел, додека израелската војска возвраќа со воздушни напади на Газа и мобилизираше уште 9.000 воени резервисти, подготвувајќи се за можна копнена офанзива.

    Претходните борби беа ограничени на сиромашната и блокирана палестинска територија и на граничните еврејски заедници, но овојпат, тие се проширени најдалеку од востанието во 2000 година.

    Бројот на загинати во Газа порасна на 87, од кои 18 деца, додека во Израел се убиени седум лица. И Хамас и Исламски џихад потврдија дека загинале нивни борци и командири. И покрај повиците за смирување на ситуацијата од цел свет, Хамас и Израел се решени да продолжат со борбите.

    „Одлуката да ги бомбардираме Тел Авив, Ерусалим и Димона за нас е лесна како пиење вода“, изјави портпарол на военото крило на Хамас, алудирајќи на израелскиот нуклеарен реактор.

    За тоа време, Израел трупа војска на границата со Газа.

    „Нашите сили се подготвуваат за опцијата за копнен маневар. Тенковите, артилеријата и воениот персонал се спремни за мобилизација во секој момент“, изјави генералот Хидаи Зилберман.

    Израелската армија кажа дека пресретнала 90% од 1.200 ракети испукани од Газа.

    Истовремено, израелските градови се погодени од улични нереди и судири помеѓу еврејското и арапското население и премиерот Нетанјаху кажа дека тие претставуваат уште поголема опасност за државата од гранатирањата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира