ОГРОМНАТА РАКЕТА НА ИЛОН МАСК ЕКСПЛОДИРАШЕ НЕКОЛКУ МИНУТИ ПО УСПЕШНОТО ЛАНСИРАЊЕ

    ОГРОМНАТА РАКЕТА НА ИЛОН МАСК ЕКСПЛОДИРАШЕ НЕКОЛКУ МИНУТИ ПО УСПЕШНОТО ЛАНСИРАЊЕ„СпејсЕкс“ претходно предупреди дека шансите за успех се мали (Фото: АП)

    Најголемата и најмоќна ракета досега направена успешно беше лансирана денеска во Тексас, но експлодираше по само неколку минути од тест летот.

    Откако првото лансирање беше одложено пред неколку дена, 120 метри долгата ракета „старшип“ на „СпејсЕкс“, компанија во сопственост на Илон Маск, успеа да полета попладнево, но потоа се појавија проблеми во раздвојувањето на двата дела и таа експлодираше четири минути по напуштањето на земјата. Во ракетата немаше човечка посада, ни сателити.

    СпејсЕкс“ претходно предупреди дека шансите за успех се мали и дека целта на тест летот е собирање податоци, без разлика дали мисијата ќе се оствари во целост.

    Како самиот пробен лет да не беше доволно возбудлив, ракетата доживеа брзо непланирано расклопување пред одвојувањето“, соопшти компанијата на Твитер.

    Маск најави дека следното пробно лансирање би можело да се случи за неколку месеци.

    Десет метри повисока од ракетата „сатурн“ која ги однесе луѓето на Месечината во 1969 година, „СпејсЕкс“ планира во иднина да ја користи оваа ракета за превоз на луѓе и товар на Месечината и можеби на Марс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира