ОЛАФ ШОЛЦ ЈА НАДМИНА СВОЈАТА РОБОТСКА ПОЈАВА И ЌЕ ЈА НАСЛЕДИ МЕРКЕЛ КАКО КАНЦЕЛАР

    ОЛАФ ШОЛЦ ЈА НАДМИНА СВОЈАТА РОБОТСКА ПОЈАВА И ЌЕ ЈА НАСЛЕДИ МЕРКЕЛ КАКО КАНЦЕЛАРОлаф Шолц ќе ја предводи првата трипартиска влада во Германија (Фото: ДПА)

    Откако три години беше заменик на Ангела Меркел, Олаф Шолц сега е подготвен да ја преземе нејзината работа.

    Шеесет и тригодишниот министер за финансии во јавноста беше познат како Шолцомат поради својата роботска, технократска појава, но тој успеа да го остави тоа зад себе и како победник на изборите да постигне договор за формирање на новата германска влада, што ќе ја сочинуваат Социјалдемократи (СПД), Зелени и Слободни демократи. Поранешниот градоначалник на Хамбург доби многу пофалби за прагматичното справување со ковид кризата, надгледувајќи го економскиот пакет од 750 милијарди евра, што им помогна на германските бизниси и работници да ја пребродат пандемијата.

    Во рамките на својата партија СПД, Шолц важи за конзервативец. Женет за колешката од СПД Брита Ернст, тој пораснал во Хамбург и влегол во политиката по студиите по работничко право. Хамбург го водеше од 2011 до 2018, а во германскиот парламент првпат беше избран во 1998.

    СПД беше коалициски партнер на Демохристијанскиот сојуз на Меркел во изминатите осум години, па Шолц им вети на гласачите континуитет откако победи на изборите на 26 септември. Тој ќе стане канцелар по гласање во Бундестаг, што се очекува меѓу 6 и 9 декември.

    Заштитата на климата сочинува добар дел од коалицискиот договор, што беше претставен денеска. Партиите се согласија да се прекине со употребата на јаглен до 2030, а 80% од електричната енергија да доаѓа од обновливи извори. Новата влада планира да ја легализира марихуаната и да ја зголеми законската минимална плата на 12 евра на час.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира