ОРБАН ПОБАРА ОД УНГАРЦИТЕ ДА ИЗЛЕЗАТ И ДА СИ ГИ БРАНАТ ДОМОВИТЕ, ОБВИНУВАЈЌИ ГИ БРИСЕЛ И ВАШИНГТОН ДЕКА ЈА ПОДДРЖУВААТ ОПОЗИЦИЈАТА

    ОРБАН ПОБАРА ОД УНГАРЦИТЕ ДА ИЗЛЕЗАТ И ДА СИ ГИ БРАНАТ ДОМОВИТЕ, ОБВИНУВАЈЌИ ГИ БРИСЕЛ И ВАШИНГТОН ДЕКА ЈА ПОДДРЖУВААТ ОПОЗИЦИЈАТАПарламентарните избори во Унгарија ќе се одржат во април следната година. - Орбан пред вчерашниот митинг (Фото: Фејсбук)

    Унгарскиот премиерот Виктор Орбан, кого го очекуваат парламентарни избори во април следната година, ги обвини Брисел и Вашингтон дека се мешаат во унгарската политика. Орбан, зборувајќи пред десетици илјади поддржувачи на митинг во Будимпешта, рече дека Вашингтон и милијардерот Џорџ Сорос пробуваат да ја донесат на власт унгарската левичарска опозиција, помагајќи ја со пари, медиуми и мрежи.

    „Но, не е важно што сакаат тие во Брисел, во Вашингтон и во медиумите оркестрирани од странство. Унгарците сами ќе си ја одредат судбината“, кажа Орбан.

    Зборувајќи за неговата поддршка за Полска, Орбан рече дека „ЕУ зборува и се однесува кон нас и Полјаците како да сме непријатели“.

    Потоа, тој и директно ги нападна функционерите на ЕУ.

    „Високите европски претставници сакаат со сила да ги направат Унгарците Европјани, либерали и да ни кажуваат како да живееме. Но, кога станува збор за одбрана на домот, семејството, културата и слободата во секојдневниот живот, секој мора да даде придонес. Кога ќе дојде моментот, застанете пред вашите домови и бранете ги“, вели Орбан.

    На два километра од митингот на Орбан, илјадници граѓани се собраа да дадат поддршка на опозицијата. За првпат откако дојде на власт во 2010 година, Орбан ќе се соочи со обединета опозиција, сочинета од шест партии, вклучувајќи ги левичарите, либералите и поранешната десничарска партија Јобик.

    Лидерот на опозициската коалиција Петер Марки-Зај најави дека ако победат на изборите, ќе донесат нов устав, ќе ја исчистат корупцијата, ќе го воведат еврото и ќе гарантираат слобода на медиумите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира