ОСТАТОЦИТЕ ОД КИНЕСКАТА РАКЕТА ПАДНАА ВО ИНДИСКИОТ ОКЕАН, НАСА ОБВИНУВА ДЕКА КИНА Е НЕОДГОВОРНА

    ОСТАТОЦИТЕ ОД КИНЕСКАТА РАКЕТА ПАДНАА ВО ИНДИСКИОТ ОКЕАН, НАСА ОБВИНУВА ДЕКА КИНА Е НЕОДГОВОРНАРакетата „Лонг Марч 5Б“ беше лансирана на 29 април од центарот за вселенски лансирања Венчанг во Кина и нејзината мисија беше да однесе во орбитата модул за идната кинеска вселенска станица. (Фото: ЦМСА)

    Остатоците од големата кинеска ракета паднаа на Земјата во Индискиот океан, близу Малдиви, според кинеските државни медиуми, ставајќи крај на неколкудневните шпекулации каде ќе удрат. Најголем дел од остатоците од ракетата која неконтролирано се враќаше на Земјата согореа во атмосферата, велат кинеските медиуми.

    Делови од 30-метарското јадро на ракетата „Лонг Марч 5Б“ влегоа назад во атмосферата во 4.24 часот по македонско време и паднаа на локација со географска должина од 72,74 степени источно и географска ширина од 2.65 степени северно, јавија кинеските медиуми.

    НАСА ја критикуваше Кина поради недостиг на транспарентност околу паѓањето на ракетата, велејќи дека државите со вселенски програми имаат должност да ги минимизираат ризиците по луѓето и имотот на Земјата.

    „Јасно е дека Кина не успева да ги исполни безбедносните стандарди во врски со вселенските остатоци“, вели функционерот на НАСА Бил Нелсон, кој е поранешен астронаут и сенатор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира