ОВОЈ ЈУНИ БЕШЕ НАЈТОПОЛ ИЗМЕРЕН ДОСЕГА, ЕКСТРЕМНИТЕ ЖЕШТИНИ ЌЕ БИДАТ ПОЧЕСТИ ВО ИДНИНА, ВЕЛАТ ЕКСПЕРТИТЕ

    ОВОЈ ЈУНИ БЕШЕ НАЈТОПОЛ ИЗМЕРЕН ДОСЕГА, ЕКСТРЕМНИТЕ ЖЕШТИНИ ЌЕ БИДАТ ПОЧЕСТИ ВО ИДНИНА, ВЕЛАТ ЕКСПЕРТИТЕГерманија беше меѓу земјите во коишто беше измерена рекордно висока температура за јуни. - Деца се разладуваат на фонтана во Дуизбург (Фото: ЕПА)

    Овој јуни беше најтопол досега измерен на Земјата, објави Европската сателитска агенција.

    Податоците покажуваат дека просечните температури во Европа биле за два степена над нормалното, а во најголемиот дел од Франција и Германија и во северна Шпанија биле повисоки за шест до десет степени од вообичаените за тој период од годината. При последниот жежок бран, во Франција беа измерени највисоки досега 45,9 Целзиусови степени, а рекорди за јуни беа соборени и во Швајцарија, Австрија, Германија, Полска и Чешка. Во Шпанија и Италија исто така имаше температури над 40 степени.

    Порастот на температурите покажува дека кризата веќе се случува (Фото: ЕПА)

    Просечните глобални температури беа повисоки за 0,1 степен од претходниот најтопол јуни во 2016 година. Во споредба од пред еден век, овој јуни беше пожежок за четири степени, велат анализите.

    Експертите велат дека е тешко овие екстремни жештини да се поврзат директно со климатските промени, но додаваат дека тие ќе станат почести во иднина поради глобалното затоплување.

    „Температурите во југозападниот регион на Европа минатата недела беа невообичаено високи за јуни. Вакви настани веројатно ќе гледаме почесто во иднина поради климатските промени“, вели Жан-Ноел Тепо, шеф на Европската сателитска агенција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира