ПАДНА ЛИБАНСКАТА ВЛАДА ПОРАДИ ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО БЕЈРУТ СО 160 ЖРТВИ

    ПАДНА ЛИБАНСКАТА ВЛАДА ПОРАДИ ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО БЕЈРУТ СО 160 ЖРТВИВладата на премиерот Хасан Диаб си даде оставка; - Спасувачките екипи и денеска, 6 дена по експлозијата, бараат настрадани на местото на несреќата. (Фото: АП)

    Либанскиот премиер Хасан Диаб соопшти дека владата си дала оставка, откако огромната експлозија во Бејрут предизвика јавен раздор меѓу лидерите на земјата. Во кусиот говор што се емитуваше на ТВ, Диаб рече дека се повлекува за да биде со народот и да ја избие со нив битката за промена на системот. Кусо пред тоа, оставки дадоа и министрите во Владата.

    Ова следи по антивладините протести во текот на викендот поради експлозијата на пристаништето во Бејрут на 4 август, во која загинаа најмалку 160, а 6.000 луѓе се повредени.

    Диаб ги обвини корумпираните политичари кои раководеле пред него за „земјотресот“ што го погоди Либан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира