ПАКИСТАН СОБОРИЛ ДВА ИНДИСКИ БОРБЕНИ АВИОНИ ВО НОВА ЕСКАЛАЦИЈА НА КОНФЛИКТОТ ВО КАШМИР

    ПАКИСТАН СОБОРИЛ ДВА ИНДИСКИ БОРБЕНИ АВИОНИ ВО НОВА ЕСКАЛАЦИЈА НА КОНФЛИКТОТ ВО КАШМИРОва се први воздушни напади преку линијата на разграничување на индискиот и пакистанскиот дел на Кашмир во 1971 година (Фото: АП)

    Пакистан објави дека соборил два индиски борбени авиони, што се заканува да ескалира во поголем конфликт помеѓу две нуклеарни сили.

    Еден авион паднал на пакистанска територија и двајца пилоти се уапсени, кажа портпаролот на владата, на што досега нема реакција од индиската страна.

    Двете земји трипати војуваа откако се здобија со независност од Британија во 1947, но ова се први воздушни напади преку линијата на разграничување на индискиот и пакистанскиот дел на Кашмир од војната во 1971 година. Тие уследија откако пакистански милитанти убија 40 индиски војници во Кашмир, што е најсмртоносниот напад за време на тридецениското примирје.

    Министерството за информирање на Пакистан објави видеоснимка на која наводно се гледа еден од индиските пилоти. Оттаму додаваат дека авионите долетале набргу откако Пакистан нападнал цели на индиската територија.

    „Немавме алтернатива освен да одговориме на нападите на Индија на нашата територија. Сепак, нашите авиони не погодија воени мети, со цел да се избегнат човечки жртви и материјални штети и затоа што не сакаме да предизвикаме нова војна“, изјави генерал мајорот на пакистанската армија Гафур.

    Министерката за надворешни работи на Индија Сушма Сварај изјави дека нејзината земја ќе реагира одговорно и воздржано.

    „Индија не сака дополнителна ескалација на ситуацијата“, изјави таа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира