ПАНДЕМИЈАТА НА КОРОНАВИРУСОТ СТИГНА ДО ЕДЕН МИЛИОН ЗАРАЗЕНИ

    ПАНДЕМИЈАТА НА КОРОНАВИРУСОТ СТИГНА ДО ЕДЕН МИЛИОН ЗАРАЗЕНИКоронавирусот почна да се шири од Кина, но жариштата на пандемијата сега се на други континенти (Фото: АП)

    Пандемијата на коронавирусот вечерва стигна до бројката од еден милион заразени на светско ниво, нешто повеќе од три месеци откако тој првпат беше идентификуван во кинескиот град Вухан.

    Од КОВИД-19, болест што ја предизвикува овој вирус, досега починале повеќе од 51.000 луѓе, најмногу во Италија и Шпанија.

    Иако коронавирусот почна да се шири од Кина, жариштата на пандемијата сега се на други континенти. САД се земја со најмногу потврдени случаи – над 235.000, а Кина во меѓувреме ја поминаа и Италија, Шпанија и Германија.

    Коронавирусот досега е регистриран во 204 држави и територии, а бројката излекувани изнесува над 210.000.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира