ПАТНИК ПОЧИНА ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТ ВО САД, СЕ СОМНЕВААТ ДЕКА ИМАЛ КОРОНАВИРУС

    ПАТНИК ПОЧИНА ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТ ВО САД, СЕ СОМНЕВААТ ДЕКА ИМАЛ КОРОНАВИРУСАвион на „Јунајтед ерлајнс“ непланирано слетал во Њу Орлеанс зашто на еден патник му била потребна итна лекарска интервенција (Фото: АП)

    Американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“ помага да се стапи во контакт со патниците кои биле на лет за време на кој еден маж почина од срцев удар, но постојат сомнежи дека имал и коронавирус, објави „Њујорк тајмс“.

    Авионот, кој летал од Орландо за Лос Анџелес, непланирано слетал во Њу Орлеанс во понеделникот зашто на еден патник му била потребна итна лекарска интервенција. Додека на патникот му била давана прва помош за затајување на срцето, неговата сопруга рекла дека тој претходно покажувал симптоми карактеристични за ковид-19, вклучувајќи губење на чувството за мирис и вкус.

    Засега нема потврда дали патникот навистина бил заразен.

    „Ги молиме патниците да не патуваат доколку им е дијагностициран ковид-19 или имаат симптоми својствени за оваа болест. Ако се сомневаат, најдобра опција е да се тестираат“, соопштија од „Јунајтед ерлајнс“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира