ПЕТМИНА ЗАГИНАТИ ВО НЕВРЕМЕТО ШТО ГИ ПОГОДИ ФРАНЦИЈА, ШВАЈЦАРИЈА И ИТАЛИЈА

    ПЕТМИНА ЗАГИНАТИ ВО НЕВРЕМЕТО ШТО ГИ ПОГОДИ ФРАНЦИЈА, ШВАЈЦАРИЈА И ИТАЛИЈАРеката Рона во Чипис, Швајцарија, се излеа поради жестоките бури и поројните дождови, што доведе до поплавување на автопат и железничка линија во близина. (Фото: АП)

    Во големото невреме и поројни дождови кои викендов ги зафатија Франција, Швајцарија и Италија има пет жртви, соопштија локалните власти. Три лица на возраст од 70-тина и 80-тина години загинаа вчера во североисточниот регион Обе во Франција, кога дрво го здроби автомобилот во кој патуваа за време на жестоки ветрови, а четвртиот патник е во критична состојба, изјавија локалните власти.

    Во соседна Швајцарија, две лица загинаа, а трето се води како исчезнато откако поројните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето на југоисток, соопшти полицијата во кантонот Тичино, каде што се зборува италијански. Според локалниот дневен весник, загинатите се две жени кои биле на одмор во Алпскиот Регион.

    Службите за итни случаи го проценуваа најдобриот начин за евакуација на 300 луѓе кои пристигнаа на фудбалски турнир во Печа, додека уште речиси 70 беа евакуирани од кампот за одмор во селото Могно.

    Научниците велат дека климатските промени поттикнати од човековата активност ја зголемуваат сериозноста, зачестеноста и должината на екстремните временски настани како што се поплавите и бурите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира