ПИЈАН ВОЗАЧ УБИ ШЕСТМИНА ГЕРМАНСКИ ТУРИСТИ ВО СЕВЕРНА ИТАЛИЈА

    ПИЈАН ВОЗАЧ УБИ ШЕСТМИНА ГЕРМАНСКИ ТУРИСТИ ВО СЕВЕРНА ИТАЛИЈАСите загинати биле на возраст од 20 и 21 година (Фото: ДПА)

    Шестмина млади германски туристи загинале, а 11 се повредени откако во нив удрил автомобил во северна Италија.

    Тешката несреќа се случила ноќеска после полноќ во близина на Болцано, во моментите кога германските туристи се собирале за да се качат во автобус. Полицијата соопшти дека шест лица починале на самото место, додека повредените се превезени во локални болници.

    Италијанските медиуми објавија дека возачот најверојатно е локален жител кој во моментот на несреќата бил пијан.

    Претседателот на регионот Алто Адиџе, Арно Компачер, изјави дека жртвите, сите на возраст од 20 и 21 година, биле дел од група германски туристи кои биле на одмор во оваа област. Скијачките центри околу Болцано се популарни меѓу Германците.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира