ПО 52 ГОДИНИ ВОЈНА СТАПИ НА СИЛА МИРОТ ВО КОЛУМБИЈА

    ПО 52 ГОДИНИ ВОЈНА СТАПИ НА СИЛА МИРОТ ВО КОЛУМБИЈА

    Стапи на сила примирјето во Колумбија меѓу главната левичарска бунтовничка група и владата, со што заврши еден од најдолгите конфликти во светот.  Примирјето стапи на сила денеска изутрината, а дојде по 4 години мировни преговори во Куба меѓу Фарк и владата. Конечниот договор со кој ќе заврши 52-годишната војна ќе биде потпишан следниот месец.

    Лидерот на Фрак Родриго Лондоно, позната како Тимолеон Хименез или Тимоченко, нареди прекин на огнот.

    „Никогаш веќе родителите да не си ги погребуваат синовите и ќерките убиени во војна“, рече Тимоченко. „Сите ривалства и непријателства ќе останат во минатото“.

    Лидерот на Фарк Родриго Лондоно, познат како Тимолеон Хименез или Тимоченко, вчера го најави почетокот на примирјето во Хавана

    Лидерот на Фарк Родриго Лондоно, познат како Тимолеон Хименез или Тимоченко, вчера го најави почетокот на примирјето во Хавана

    Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос потпиша декрет со кој од денес  се запираат воените операции против Фарк.

    „Едно од најболните поглавја на земјата се затвора, примирјето е историски чекор“, рече тој.

    Во извесна смисла, објавата на Фарк за тотално примирје е процедурална. Во друга, тоа е историски момент кон траен мир. Процедурално е оти билатерален прекин на огнот е договорен и е на сила неколку месеци. Но, дефинитивното примирје треба да стапи на сила ден по конечниот мировен договор, што ќе го потпишат Тимоченко и Сантос во Картагена на крајот на септември.

    Ова е историски момент оти, конечно, става крај на над 50 години конфликт, во кој загинаа околу 260.000 луѓе а милиони беа внатрешно раселени. Ова е значајно за колумбискиот мировен процес. Но најважно е она што следи: гласање за договорот, на 2 октомври. Тоа ќе ја одлучи судбината на повеќегодшните преговори во Хавана, и во процесот, политичките судбини и на претседателот Сантос и на Фарк.

    Мировниот договор ќе се потпише во среда во Хавана. Борците на Фарк ќе го ратификуваат во септември, а на гласање во Колумбија ќе биде ставен на 2 октомври.

    Според договорот, Фарк (шпанска кратенка од Револуционерни вооружени сили на Колумбија) ќе се откаже од вооружената борба и ќе влезе во легалниот политички процес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира