ПО КРВАВИОТ ОБИД ЗА ПУЧ СО НАЈМАЛКУ 190 ЗАГИНАТИ, ЕРДОГАН ВЕТИ ОДМАЗДА

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Истанбул,(разниизвори)

    ПО КРВАВИОТ ОБИД ЗА ПУЧ СО НАЈМАЛКУ 190 ЗАГИНАТИ, ЕРДОГАН ВЕТИ ОДМАЗДА

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изгледа дека го преживеа најлошото од обидот за воен удар по хаотичната ноќ во која дел од армијата се обиде да ја преземе власта од цивилната влада во Турција по петти пат во последните 60 години.
    Иако утринава се уште имаше пресметки во делови од земјата, Ердоган успеа да се врати во Истанбул од одморот на брегот на Егејското море и беше пречекан од толпа негови поддржувачи, кои ноќеска успеаја да ги истиснат војниците од аеродромот.
    Првичните бројки се дека има 190 загинати и 1.154 повредени, но појавувањето на Ердоган на аеродромот во Истанбул ги смири стравовите дека Турција дополнително ќе се дестабилизира.

    Претседателот Ердоган во придружба на телохранители пристигна на аеродрмот „Ататурк“ во Истанбул

    Претседателот Ердоган во придружба на телохранители пристигна на аеродрмот „Ататурк“ во Истанбул

    „Турција има демократски избрани влада и претседател. Ние ја имаме контролата и ќе продолжиме да ги извршуваме нашите овластувања до самиот крај. Нема да ја препуштиме нашата земја на овие натрапници. Се ќе заврши добро“, изјави Ердоган по слетувањето и го нарече обидот за воен удар „предавство“ и најави дека одговорните „скапо ќе платат“.
    Ноќеска, по повикот на Ердоган, илјадници Турци ја игнорираа забраната за излегување и се собраа на улиците и плоштадите да му се спротивстават на пучот, опколувајќи ги воените возила и во неколку случаи легнаа пред нив. Во меѓувреме, лидерите на сите релевантни опозициски партии, кои вообичаено се критички настроени кон Ердоган, излегоа со поддршка за претседателот. Дури и водечката прокурдска партија ХДП му даде поддршка на Ердоган.


    Премиерот Бињали Јилдирим првично соопшти дека најмалку 336 одметнати офицери биле заробетни од лојалистите и вети дека ќе ги собори воените авиони под контрола на поддржувачите на пучот, а утринава турски фукнционери кажаа дека се уапсени 1.560 припаднаци на армијата, за кои се верува дека се вклучени во обидот за воен удар.
    Се појавија и видео снимки од полицајци како апсат војници на централниот плоштад во Истанбул, а на телевизиите се даваат снимки од војници како масовно се предаваат на мостот на Босфор.

    Вршителот на должноста началник на генералшабот Умит Дундар во обраќање во живо на телевизија утринава соопшти дека воениот удар не успеал.

    Вршителот на должноста началник на генералшабот Умит Дундар во обраќање во живо на телевизија утринава соопшти дека воениот удар не успеал.

    Вршителот на должноста началник на генералшабот Умит Дундар, кој беше назначен ноќва по наводното киднапирање на неговиот претходник од страна на пучистите, во обраќање во живо на телевизија утринава соопшти дека воениот удар не успеал.
    „Луѓето излегоа на улиците и дадоа поддршка на демократијата. Турција покажа историска соработка помеѓу владата и луѓето. Оваа нација нема да го заборави ова предавство. Турција стави крај на поглавјето на воени удари“ изјави Дундар.
    Според него, ноќеска загинале 190 луѓе, од кои 41 полицаец, двајца војници 47 цивили и 104 пучисти.


    Обидот за воен удар почна синоќа, кога тенкови беа распоредени на клучните мостови во Истанбул, блокирајќи го сообраќајот. Војници имаше и на улиците, а авиони и хеликоптери ја надлетуваа престолнината Анкара. Накусо потоа, фракција на армијата објави соопштение, велејќи дека „мировен совет“ ја контролира земјата и дека воведува полициски час и воена состојба.
    Групата тврдеше дека изведува пучот „за да го осигура враќањето на уставниот поредок, демократијата, човековите права и слободи“. Исто така, соопшти дека демократското и секуларно владеење било нарушено од актуелната влада и дека ќе воведе нов устав.


    Претседателот Ердоган, кој беше во одморалиштето Мармарис, се обрати на телевизија преку мобилен телефон и ги повика луѓето да излезат на улиците да му се спротивстават на пучот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира