ПО НЕКОЛКУ ДЕЦЕНИИ СПОРОВИ, ГРЦИЈА И ТУРЦИЈА ВЛЕГУВААТ ВО НОВА ЕРА И САКААТ ДА БИДАТ ПРИМЕР ЗА СВЕТОТ

    ПО НЕКОЛКУ ДЕЦЕНИИ СПОРОВИ, ГРЦИЈА И ТУРЦИЈА ВЛЕГУВААТ ВО НОВА ЕРА И САКААТ ДА БИДАТ ПРИМЕР ЗА СВЕТОТМицотакис и Ердоган потпишаа декларација за добри меѓусоседски односи (Фото: ЕПА)

    Турција и Грција се согласија да ги остават зад себе долгогодишните меѓусебни тензии, потпишувајќи договор за пријателство при историската посета на Реџеп Таип Ердоган на Атина.

    Двете членки на НАТО кажаа дека ќе ги обноват врските и потпишаа декларација за добри меѓусоседски односи, надевајќи се дека ќе ги решат споровите кои се вчечат со децении, како подморски извори на енергија и поделениот остров Кипар.

    Најавувајќи го ова како нова ера, Ердоган изјави дека Грција и Турција би можеле да бидат пример за светот.

    Не постои проблем помеѓу нас кој не може да се реши. Сакаме да го претвориме Егејското Море во море на мирот. Верувам дека би било подобро за иднината ако двете страни чашата ја гледаат како полуполна“, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

    Декларацијата од десет точки, на која дипломатите на двете држави работеле со месеци, се смета за патоказ за зацврстување на поблиски врски по нестабилниот период, во кој за малку беше избегнат воен судир за егејските енергетски ресурси во 2020 година.

    Географијата и историјата наложија да живееме во исто соседство. Чувствувам историска одговорност да ја искористам оваа можност да ги доближам двете држави една до друга, исто како што се нашите граници“, рече грчкиот премиер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира