ПОЧИНА АКТЕРОТ РОЏЕР МУР, ПРОСЛАВЕН КАКО ЏЕЈМС БОНД

    ПОЧИНА АКТЕРОТ РОЏЕР МУР, ПРОСЛАВЕН КАКО ЏЕЈМС БОНДМур го играше славниот шпион во 7 Бонд филмови, меѓу кои и „Живеј и остави ги да умрат“ и „Шпионот којшто ме сакаше“ (Фото: Ројтерс)

    Почина актерот сер Роџер Мур, најпознат по улогата на Џејмс Бонд. Имаше 89 години.

    Мур го играше славниот шпион во 7 Бонд филмови, меѓу кои и „Живеј и остави ги да умрат“ и „Шпионот којшто ме сакаше“. Освен по филмовите и ТВ сериите беше познат и по неговата работа како амбасадор на УНИЦЕФ, што ја сметаше за свој најголем успех.

    Семејството на Мур ја потврди веста на Твитер и рече дека тој починал „по куса но храбра битка со ракот“.

    Мур почина во Швајцарија, а според неговата желба ќе биде погребан во Монако.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира