ПОЧИНА НАЈПОЗНАТИОТ КИНЕСКИ ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИК И НОБЕЛОВЕЦ ЗА МИР ЛИУ СЈАОБО

    ПОЧИНА НАЈПОЗНАТИОТ КИНЕСКИ ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИК И НОБЕЛОВЕЦ ЗА МИР ЛИУ СЈАОБО(Фото: АП)

    Затворен цели 7 години откако ја доби Нобеловата награда за мир, Лиу Сјаобо никогаш не се откажа од борбата за човекови права во Кина, инсистирајќи да живее живот исполнет со „чесност, одговорност и достоинство”. Најпознатиот политички затвореник во Кина почина денеска од рак на од црниот дроб, на 61 година.

    Неговата смрт – во болница во североисточниот дел на земјата, каде што бил префрлен откако бил дијагностициран – предизвика излив на разочарување кај неговите пријатели и поддржувачи, кои ја фалат неговата храброст и решителност.

    „Со само два збора може да се опише како се чувствуваме токму сега: тага и бес”, рече семејниот пријател и активист Ву Јангвеи, попознат по неговиот псевдоним Је Ду. „Единствениот начин на кој можеме да тагуваме за Сјаобо и да му ја утешиме душата е да работиме уште потешко и да се обидеме да го одржиме живо неговото влијание”.

    Во еден од неговите најпознати есеи Лиу напиша „Јас немам непријатели”, во одата од 2009 за надежта и отфрањето на омразата и стравот. По неговата смрт додека служеше 11-годишна затворска казна за обвиненија за субверзија, пријателите и приврзаниците ја поздравија храброста и решителност зад тоа нежно чувство.

    Лиу почина во болница во североисточниот дел на земјата, велат властите. Тој беше префрлен во болница откако во затвор во мај му беше дијагностициран напреден рак на црниот дроб, но остана под полициски притвор. Во онлајн соопштение, судското биро на градот Шенјанг соопшти дека починал од откажување на повеќе органи.

    Лиу е втор добитник на Нобеловата награда за мир кој починал во затвор, факт што го посочија групите за човекови права како показател на цврстата рака на  на кинеската Комунистичка партија против нејзините критичари. Првиот, Карл фон Осиецки, почина од туберкулоза во Германија во 1938 додека отслужуваше казна за спротивставување на нацистичкиот режим на Адолф Хитлер.

    „Хитлер беше див и силен и мислеше дека е во право – но историјата покажа дека е погрешно затворањето на добитникот на Нобеловата награда за мир”, изјави Мо Шаопинг, стар пријател и поранешен адвокат на Лиу, додавајќи дека е скршен од смртта на Лиу. „Властите го сметаат Лиу Сјаобо за виновен, но историјата ќе докаже дека не е.”

    Приврзаниците на Лиу и странските влади ја повикаа Кина да му дозволи да добие лечење во странство, но кинеските власти инсистираа на тоа дека добива најдобра грижа за болеста што се шири низ неговото тело. По смртта на Лиу, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон побара од Пекинг да ја ослободи сопругата на Лиу од домашен притвор, велејќи дека треба да ѝ биде дозволено да ја напушти Кина ако сака.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира