ПОЧИНА ПОЛЈАКОТ КОЈ УБИ ШЕСТ ЛУЃЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА КРАКОВ

    ПОЧИНА ПОЛЈАКОТ КОЈ УБИ ШЕСТ ЛУЃЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА КРАКОВЧетири жртви на пукањето се од Полска, а загинаа и еден британски државјанин и една Австријка (Фото: АП)

    Почина 24-годишниот Полјак кој во саботата уби шест луѓе на централниот плоштад во Краков, откако претходно ги убил и своите родители и сестра. Во нападот беа повредени 16 луѓе, вклучувајќи двајца полицајци, кои при апсењето тешко го ранија напаѓачот.

    Мотивот на нападот засега не е утврден, но властите веруваат дека Михал О. бил инспириран од крајнодесничарски идеологии и го опишаа како ултранационалист. Во неговиот автомобил, со кој влезе на плоштадот, биле пронајдени повеќе оружја и муниција.

    Четири жртви на пукањето се од Полска, а загинаа и еден британски државјанин и една Австријка. При претресот на домот на убиецот 200 километри северно од Краков, полицијата ги пронашла телата на неговите родители и на неговата 21-годишна сестра.

    Полските власти отворија истрага за тероризам за нападот во Краков.

    Полицијата соопшти дека во саботата околу 15 часот почнала да добива пријави дека напаѓач отворил оган од автомобил, пукајќи кон минувачи на централниот плоштад во вториот по големина град во Полска. Пукањето траело околу три минути, при што се искршени излози на продавници и бил погоден трамвај во минување. Напаѓачот носел воена тактичка опрема и воено оружје, но владата соопшти дека тој не бил припадник на полските вооружени сили.

    „Сè укажува дека тој бил фасциниран од крајнодесничарските идеологии и имал ултранационалистички ставови“, изјави полскиот министер за внатрешни работи Марчин Кјервински.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира