ПОЧНУВААТ РЕФЕРЕНДУМИТЕ ЗА АНЕКСИЈА НА 15% ОД ТЕРИТОРИЈАТА НА УКРАИНА, СРЕДЕ ВОЈНА ЌЕ СЕ ГЛАСА ОД ВРАТА ДО ВРАТА

    ПОЧНУВААТ РЕФЕРЕНДУМИТЕ ЗА АНЕКСИЈА НА 15% ОД ТЕРИТОРИЈАТА НА УКРАИНА, СРЕДЕ ВОЈНА ЌЕ СЕ ГЛАСА ОД ВРАТА ДО ВРАТАГласањето треба да трае пет дена (Фото: АП)

    Денеска почнуваат таканаречените референдуми за анексија во четири региони во источна и јужна Украина, додека војната е во полн замав, а дел од овие територии и натаму е под контрола на украинските сили.

    Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје претставуваат 15% од Украина и имаат големина на Унгарија. Владимир Путин ја призна независноста на народните републики Луганск и Доњецк пред почетокот на војната и кажа дека ги поддржува референдумите и дека луѓето кои живеат на овие подрачја треба сами да решат за својата судбина.

    Сепаратистичките лидери кажаа дека анексијата ќе се однесува на целите региони, а не само на моментално окупираните територии.

    Западните земји ги осудија референдумите и кажаа дека никогаш нема да ги прифатат резултатите. Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, изјави дека ова е опасна ескалација и порача дека никој не може да им го одземе правото на Украинците да ја бранат својата земја.

    Гласањето е измама и недемократско“, изјави украинскиот претседател Зеленски.

    Гласањето треба да трае пет дена. Руските медиуми објавија дека изборните службеници ќе одат од врата до врата со преносни гласачки кутии од денеска до понеделник, а гласачките места ќе бидат отворени само на последниот ден, 27 септември, што властите го оправдуваат со безбедносни причини. Тој ден ќе бидат отворени стотици гласачки места, а граѓаните ќе можат да гласаат и надвор од регионот во кој што живеат, па така и во Русија.

    Ако Русија ги присвои овие делови од Украина, тоа може да доведе до натамошна ескалација на војната, бидејќи ќе може да тврди дека нејзина територија се напаѓа со западни оружја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира