ПОДГОТВЕН СУМ ДА СВЕДОЧАМ ПРЕД КОНГРЕСОТ, ВЕЛИ МАРК ЗАКЕРБЕРГ

    ПОДГОТВЕН СУМ ДА СВЕДОЧАМ ПРЕД КОНГРЕСОТ, ВЕЛИ МАРК ЗАКЕРБЕРГПолитичари од сите страни на САД го повикаа да сведочи. - Марк Закерберг (Фото: АП)

    Марк Закерберг се извини за дебаклот со злоупотребата на личните податоци на Фејсбук и додаде дека е подготвен да сведочи пред Конгресот, ако има потреба од тоа.

    „Најкраткиот одговор е дека ќе бидам среќен да го направам тоа, ако е тоа она што треба да се направи. Ќе треба да се испрати некој од Фејсбук кој има најмногу знаење. Ако јас сум тој, тогаш ќе бидам среќен да го направам тоа“, изјави Закерберг во интервјуто за Си-Ен-Ен.

    Иако Фејсбук располага со мала армија на адвокати и лобисти во Вашингтон, Закерберг никогаш досега не сведочел пред комитет на Конгресот, според неговата база на податоци.

    Сега, политичари од сите страни на САД повикаа Закерберг да сведочи, пет дена од избивањето на големиот скандал со компанијата „Кембриџ аналитика“, која искористила лични податоци на 50 милиони корисници на Фејсбук, за да влијае врз претседателската кампања во 2016 година во полза на Трамп.

    Според Фејсбук, податоците биле собрани преку еден квиз, креиран од психолог од универзитетот Кембриџ, а потоа тие им биле предадени на „Кембриџ аналитика“.

    „Чекорите што Фејсбук планира да ги преземе за да ги заштити своите корисници е само старт, но Закерберг, сепак, ќе мора да се појави да сведочи“, вели сенаторот Ејми Клобучар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира