ПОЛИЦИЈАТА ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ЗАБАВИТЕ ВО БРИТАНСКАТА ВЛАДА ВО ВРЕМЕ НА КАРАНТИН

    ПОЛИЦИЈАТА ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ЗАБАВИТЕ ВО БРИТАНСКАТА ВЛАДА ВО ВРЕМЕ НА КАРАНТИНЏонсон се наоѓа под голем притисок на јавноста откако се дозна за забавите (Фото: ПА)

    Лондонската полиција отвори истрага за забавите што се одржуваа во седиштето на британската влада за време на пандемијата на коронавирусот. Шефицата на полицијата Кресида Дик изјави дека се истражува можно прекршување на ковид регулативите на улицата Даунинг 10 од 2020 година наваму.

    „Истрагата е покрената врз основа на информациите добиени од истрагата што ја водеше граѓанската службеничка Сју Греј. Таа ќе продолжи со својата истрага“, изјави Дик.

    Ова следува откако се појавија информации за роденденската забава на Борис Џонсон во јуни 2020, одржана во периодот кога во Британија беа забранети поголеми собири во затворено. Од владата признаа дека таа се одржала кога првиот карантин сè уште бил на сила, но негираа дека имало многу присутни.

    Дик не потенцираше кои забави се истражуваат.

    „Полицијата ќе ги разгледа наводите кои се чинат како најсериозно и најочигледно кршење на регулативите“, кажа таа.

    Џонсон се наоѓа под голем притисок на јавноста откако се дозна за забавите во британската влада и опозицијата бара негова оставка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира