ПОЛИЦИЈАТА СО СОЛЗАВЕЦ ГИ РАЗБИ ПРОТЕСТИТЕ ВО ПАРИЗ ПО ПОБЕДАТА НА МАКРОН

    ПОЛИЦИЈАТА СО СОЛЗАВЕЦ ГИ РАЗБИ ПРОТЕСТИТЕ ВО ПАРИЗ ПО ПОБЕДАТА НА МАКРОНИако Макрон победи со убедлива разлика, излезноста беше најмала од 1969 година. (Фото: Твитер)

    Полицијата се судри со демонстранти и се обиде да ги растера со солзавец на протестите во центарот на Париз по победата на Емануел Макрон на претседателските избори, според снимки објавени на социјалните мрежи. Топлата на протестот беше составена претежно од млади луѓе кои се собраа во централниот кварт Шателе.

    Макрон ја победи кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен во вчерашниот втор круг од претседателските избори и освои нов петгодишен претседателски мандат. Иако Макрон победи со убедлива разлика, излезноста беше најмала од 1969 година, откако голем дел од гласачите не сакаа да гласаат ниту за Макрон, ниту за Ле Пен.

    Помеѓу двата круга, студенти протестираа пред Сорбона во Париз и други универзитети, изразувајќи го незадоволството од понудениот избор.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира