ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ВИСТИНСКИ ОСОМНИЧЕН ЗА НАПАДОТ СО НОЖ ВО СОЛИНГЕН, ДОШОЛ ВО ГЕРМАНИЈА ВО 2022 ГОДИНА ДА БАРА АЗИЛ

    ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ ВИСТИНСКИ ОСОМНИЧЕН ЗА НАПАДОТ СО НОЖ ВО СОЛИНГЕН, ДОШОЛ ВО ГЕРМАНИЈА ВО 2022 ГОДИНА ДА БАРА АЗИЛНападот со три жртви се случи во петокот вечер на плоштад во Солинген, каде што има фестивал за одбележување на 650-годишнината од основањето на градот. (Фото: ДПА)

    Германската полиција вели дека уапсила вистински осомничен за нападот со ноќ во Солинген, во кој што загинаа три лица.

    Министерот за внатрешни работи на покраината Северна Рајна Вестфалија Херберт Ројл кажа во тек е испрашување на осомничениот, кој сам се предал.

    „Лицето кое навистина го баравме цел ден сега е приведен“, кажа министерот.

    Според „Шпигел“, осомничениот е 26-годишник, кој дошол во Германија на крајот на 2022 година и аплицирал за азил.

    Терористичката група ИСИС преку соопштение во саботата презеде одговорност за нападот. Германската полиција вели дека сè уште го проверува дали е кредибилно тврдењето на ИСИС. Оттаму додаваат дека ИСИС и претходно преземала одговорност за напади, иако потоа било утврдено дека нема докази за вистинска вклученост.

    Нападот се случи во петокот вечер на плоштад во Солинген, каде што има фестивал за одбележување на 650-годишнината од основањето на градот. Загинатите се двајца мажи на возраст од 67 и 56 години и една 56-годишна жена.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира