ПОЛОВИНА АВСТРАЛИЈЦИ СТАВЕНИ ВО КАРАНТИН ПОРАДИ ДЕЛТА СОЈОТ И ПРЕБАВНАТА ИМУНИЗАЦИЈА

    ПОЛОВИНА АВСТРАЛИЈЦИ СТАВЕНИ ВО КАРАНТИН ПОРАДИ ДЕЛТА СОЈОТ И ПРЕБАВНАТА ИМУНИЗАЦИЈАВо Сиднеј се регистрирани 110 нови случаи на зараза, иако градот веќе четири недели е во карантин (Фото: ЕПА)

    И додека Велика Британија и САД целосно се отвораат, 13 милиони Австралијци, речиси половина од населението, повторно се во карантин во обид да се спречи ширењето на делта сојот на коронавирусот.

    Јужна Австралија им се придружи на Викторија и Нов Јужен Велс како третата сојузна држава во која е воведен карантин. Двата најголеми града Сиднеј и Мелбурн живеат во неизвесност кога повторно ќе бидат отворени.

    Помалку од 14% Австралијци се вакцинирани, што е најниска стапка во богатите држави. И додека укинувањето на мерките во САД и Британија ја стави федералната влада под голем притисок на јавноста, премиерот Скот Морисон одби да се извини што имунизацијата се одвива пребавно.

    „Ниедна држава немаше совршен одговор на пандемијата. Мислам дека Австралијците го сфаќаат тоа. Во Велика Британија само вчера починаа над 90 луѓе од ковид-19“, кажа Морисон.

    Австралија досега успешно се справуваше со пандемијата, но појавата на делта варијантата наметна нови предизвици. Кластерот во Сиднеј порасна на 1.500 заразени. Денеска се регистрирани 110 нови случаи, и покрај тоа што градот веќе четири недели е во строг карантин.

    Јужна Австралија прогласи седумдневен карантин поради пет случаи на делта сојот, додека во Викторија има 22 новозаразени.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира