ПОЛСКА ИНСИСТИРА ДЕКА НЕМА ДА ИМА „ПОЛЕГЗИТ“, НО НЕ САКА БРИСЕЛ ДА Ѝ СЕ МЕША ВО СУДСКИТЕ РЕФОРМИ

    ПОЛСКА ИНСИСТИРА ДЕКА НЕМА ДА ИМА „ПОЛЕГЗИТ“, НО НЕ САКА БРИСЕЛ ДА Ѝ СЕ МЕША ВО СУДСКИТЕ РЕФОРМИПолска му порача на Брисел да не ја третира како второкласна земја (Фото: АФП)

    Полската влада инсистира дека сака земјата да остане членка на Европска Унија, ден по контроверзната судска одлука, за која некои аналитичари сметаат дека може да води кон „Полегзит“. Врховниот суд на Полска вчера пресуди дека делови од законодавството на ЕУ не се во согласност со полскиот устав.

    Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас кажа дека Полска мора целосно да ги спроведува законите на ЕУ, додека францускиот министер за европски прашања Клеман Боне ја опиша пресудата како напад на ЕУ.

    Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изрази длабока загриженост и вети дека ЕУ ќе остане верна на основачките принципи на својот правен поредок.

    Покрај пресудата, Врховниот суд на Полска ги предупреди институциите на ЕУ да не дејствуваат надвор од своите надлежности и да не се мешаат во реформите во полското судство.

    Премиерот Матеуш Моравјецки денеска инсистираше дека приемот на Полска и на останатите централноевропски држави во ЕУ во 2004 е еден од врвните моменти во изминатите декади.

    „Местото на Полска е и секогаш ќе биде во европското семејство на народи. Сепак, ние ги имаме истите права како другите држави и сакаме тие права да се почитуваат. Ние не сме непоканети гости во ЕУ и не сакаме да нè третираат како второкласна земја“, напиша Моравјецки на Фејсбук.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира