ПОРАНЕШЕН СТРИПТИЗЕР, ДИЏЕЈ И ГОЛЕМ ФАН НА ТРАМП Е ЛИЦЕТО КОЕ СО БОМБА ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ОБАМА, КЛИНТОН, СОРОС И ДЕ НИРО

    ПОРАНЕШЕН СТРИПТИЗЕР, ДИЏЕЈ И ГОЛЕМ ФАН НА ТРАМП Е ЛИЦЕТО КОЕ СО БОМБА ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ОБАМА, КЛИНТОН, СОРОС И ДЕ НИРОСезар Сајок е опишан како човек со долга историја на финансиски проблеми и долга листа на апсења (Фото: АФП)

    Сезар Сајок е аматерски бодибилдер и поранешен стриптизер, осаменик со дебело полициско досие, кој малку се интересирал за политика пред Доналд Трамп да биде избран за претседател пред две години.

    Вчера, тој беше идентификуван од властите како лицето кое по пошта испратило експлозивни направи до 12 гласни критичари на Трамп, што ги вклучува и поранешниот претседател Барак Обама и холивудската легенда Роберт де Ниро.

    Педесет и шестгодишниот Сајок му бил целосно лојален на Трамп, но исто така имал долга историја на финансиски проблеми и долга листа на апсења, од кои едно било поради заканување со бомба.

    „Сајок е збунет човек кој имаше проблеми да ги контролира своите емоции“, изјави адвокатот Роналд Лоуи, кој му бил застапник во еден случај од 2002 година.

    Неговиот роднина Лени Алтиери го опиша со малку посилни зборови.

    „Знам дека тој човек е лудак“, изјави Алтиери за агенцијата АП.

    Непосредно пред да биде уапсен, Сајок работел како диџеј во еден ноќен клуб, но на социјалните мрежи најмногу сакал да се фали со поддршката за Трамп, објавувајќи видеа од неговите митинзи.

    Тој живеел во комбе „доџ рем“ од 2002 година, кое вчера беше запленето од полицијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира