ПОЖАР ГО УНИШТИ ИСТОРИСКИОТ ЗАМОК ШУРИ НА ОКИНАВА, ЗАШТИТЕН ОД УНЕСКО

    ПОЖАР ГО УНИШТИ ИСТОРИСКИОТ ЗАМОК ШУРИ НА ОКИНАВА, ЗАШТИТЕН ОД УНЕСКОНа пожарникарите им требале неколку часа за да го стават огнот под контрола (Фото: Ројтерс)

    Пожар уништи историски замок на Окинава, кој важеше за симбол на древното царство Рјукју и на обновата на јапонскиот остров по Втората светска војна.

    Локалната полиција објави дека замокот Шури, кој се наоѓа на листата на светското културно наследство на УНЕСКО, се запалил ноќеска, по што пожарот се проширил и на други објекти во комплексот. Нема информации за повредени, но локални жители биле евакуирани додека на пожарникарите им требале неколку часа за да го стават огнот под контрола.

    Замокот беше обновен и повторно отворен во 1992 како дел од национален парк (Фото: Гети)

    „Причината за пожарот не е позната. Тој почнал во главниот храм и потоа брзо се проширил на останати структури“, изјави портпаролот на полицијата на Окинава, Рјо Кочи.

    Оваа популарна туристичка дестинација датира од времето на царството Рјукју, чие владеење траеше од 15. до 19. век. Во поново време, Шури беше седиште на јапонската царска војска и беше жестоко бомбардиран од Американците во битките за Окинава во Втората светска војна, Јапонија ја поврати контролата врз островот дури во 1972 година, додека замокот беше обновен и повторно отворен во 1992 како дел од национален парк.

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари