ПОЖАР УНИШТИ ГОЛЕМ ДИСТРИБУЦИСКИ ЦЕНТАР НА „АМАЗОН“ ВО КАЛИФОРНИЈА

    ПОЖАР УНИШТИ ГОЛЕМ ДИСТРИБУЦИСКИ ЦЕНТАР НА „АМАЗОН“ ВО КАЛИФОРНИЈАОколу 100 вработени на време биле евакуирани

    Складиште кое оперираше како дистрибуциски центар на „Амазон“ изгоре во пожар, уништувајќи го целиот комплекс, но никој од вработените не е повреден.

    Густ чад и голем пламен можеа да се видат како се издигнуваат од објектот во Редлендс, Калифорнија, додека пожарникарите се бореа со огнот. Снимките од воздух покажаа дека цели делови од комлексот и покривот се урнаа.

    Околу 100 вработени на време биле евакуирани на безбедно и никој не е повреден, кажа портпаролот на градот Карл Бејкер.

    „Мило ни е што сите се добро. Складиштето беше управувано од компанија која е наш соработник и ние ги поддржуваме низ овој процес“, соопшти „Амазон“.

    Оттаму додадоа дека пожарот нема многу да им го наруши работниот процес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира