ПОЖАРИТЕ ОКОЛУ АТИНА УНИШТИЈА ДЕСЕТИЦИ КУЌИ, НА САРДИНИЈА ДЕНЕСКА СЕ ОЧЕКУВААТ 46 СТЕПЕНИ

    ПОЖАРИТЕ ОКОЛУ АТИНА УНИШТИЈА ДЕСЕТИЦИ КУЌИ, НА САРДИНИЈА ДЕНЕСКА СЕ ОЧЕКУВААТ 46 СТЕПЕНИТри пожари втор ден по ред горат во околината на Атина (Фото: Гети)

    Температурите во Грција денеска ќе се искачат до 41 Целзиусов степен, додека земјата се бори со првите големи пожари ова лето. Националната опсерваторија во Атина го прогласи највисокиот, четврти степен на ризик од пожари за источниот дел од земјата, што ги вклучува и егејските острови, каде што силните ветрови и сувите услови ќе се влошат во следните денови.

    Три пожари втор ден по ред горат во околината на Атина. Најголемиот од нив беснее во руралната област Дервенохорија, 45 километри северозападно од Атина, но и пожарите во одморалиштето Сардонија и во околината на Лутраки и натаму се активни, иако пожарникарите цела ноќ биле на терен.

    Властите објавија дека десетици куќи се изгорени, но засега нема сериозно повредени луѓе.

    Милиони луѓе во Европа, особено во јужните држави, и денеска ќе се соочат со неподносливи горештини откако дојде топлотниот бран Харон. На Сардинија попладнево се очекуваат температури до 46 степени, а има предупредувања дека екстремните жештини би можеле да продолжат во делови од Италија во следните десетина дена.

    Во делови од Шпанија, температурите вчера се доближија до 45 степени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира