ПОЖАРИТЕ СТИГНАА ДО ЛОС АНЏЕЛЕС, ГОРАТ МИЛИОНИ ДОЛАРИ ВРЕДНИ КУЌИ ВО БЕЛ ЕР

    ПОЖАРИТЕ СТИГНАА ДО ЛОС АНЏЕЛЕС, ГОРАТ МИЛИОНИ ДОЛАРИ ВРЕДНИ КУЌИ ВО БЕЛ ЕРПрвпат во историја, Калифорнија прогласи виолетова тревога од пожари, што е највисок степен на опасност (Фото: ЕПА)

    Пожарите кои со денови беснеат низ Јужна Калифорнија стигнаа и до Лос Анџелес, а во најголема опасност е елитната населба Бел Ер.

    Огнот веќе уништи неколку куќи во оваа ексклузивна област, каде што брзо зафати површина од 60 хектари.

    Ова е најголемата ерупција на пожари во историјата на Калифорнија, а пожарникарските служби на Лос Анџелес за првпат досега прогласија виолетова тревога, што е највисок степен на опасност.

    Националната метеоролошка служба објави дека условите се екстремни и дека ветровите достигнуваат брзина од 130 километри на час, што помага огнот да се шири со голема брзина.

    Петте пожари, од кои најголем е Томас, излегоа од контрола по само два дена и досега имаат зафатено површина од над 36.000 хектари.

    „Преживуваме тешки денови. Најголемата опасност му се заканува на Лос Анџелес. Досега евакуиравме 150.000 луѓе од северниот дел на градот“, изјави градоначалникот Ерик Гарсети.

    ТВ-мрежите покажаа дека и во Бел Ер има куќи во пламен, вклучувајќи го имотот на милијардерот Руперт Мардок, за кој тој платил 28 милиони долари пред четири години. Просечната вредност на куќите во Бел Ер е 2,45 милиони долари.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира