Претседателот на Хаити Жовенел Моисе е убиен откако група неидентификувани лица ја нападнаа неговата приватна резиденција, изјави привремениот премиер на земјата. Сопругата на Моисе, првата дама Мартин Моисе е хоспитализирана, рече привремениот премиер Клод Жозеф.
Жозеф го осуди овој, како што рече, „нехуман, варварски и чин на омраза“, додавајќи дека полицијата на Хаити и другите власти ја контролираат ситуацијата во карипската земја.
Атентатот доцна синоќа се случува во време на продлабочување на политичката и економска нестабилност и наплив на насилството во бандите.