ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КАЗАХСТАН НАРЕДИ ВОЈСКАТА ДА ПУКА БЕЗ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

    ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КАЗАХСТАН НАРЕДИ ВОЈСКАТА ДА ПУКА БЕЗ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕМинистерството за внатрешни работи соопшти дека во немирите досега се убиени 26 „вооружени криминалци“ и 18 полицајци. (Фото: АП)

    Авторитарниот лидер на Казахстан вели дека им наредил на безбедносните сили „да пукаат без предупредување“, среде насилното задушување на антивладините протести. Претседателот Касим-Жомарт Токаев, исто така, рече дека „20.000 бандити“ го нападнале главниот град Алма Ата, епицентарот на протестите предизвикани од зголемувањето на цената на горивото. Тој ги обвини „терористите“ обучени од странство, без да даде докази.

    Министерството за внатрешни работи соопшти дека во немирите досега се убиени 26 „вооружени криминалци“ и 18 полицајци. Во телевизиско обраќање, Токаев ги отфрли повиците за разговори со демонстрантите како „глупости“, велејќи: „Какви разговори можеме да водиме со криминалци и убијци?“

    „Моравме да се справиме со вооружени и добро подготвени бандити, локални и странски. Поточно, со терористи. Затоа мораме да ги уништиме, тоа ќе се направи наскоро“, рече тој.

    Опозиционерите ги отфрлија обвинувањата на властите за тероризам.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира