ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ ИЗГЛАСА РЕЗОЛУЦИЈА ЗА ПОЧНУВАЊЕ ИСТРАГА ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ НА ТРАМП

    ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ ИЗГЛАСА РЕЗОЛУЦИЈА ЗА ПОЧНУВАЊЕ ИСТРАГА ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ НА ТРАМПГласањето беше прв тест за тоа колкава е поддршката за импичмент во Претставничкиот дом (Фото: АП)

    Претставничкиот дом изгласа резолуција, со што и формално може да се почне со истрага за отповикување на претседателот Доналд Трамп.

    Таа ги содржи деталите за истрагата која сега ќе премине во јавна фаза и гласањето беше прв тест за тоа колкава е поддршката за импичмент во делот на Конгресот што го контролираат демократите. Против резолуцијата, што Белата куќа ја осуди, беа само двајца демократи, како и сите републиканци.

    Демократите повикаа да се отпочне со постапка за отповикување на Трамп откако се дозна за неговите телефонски разговори со украинскиот претседател Зеленски, од кого барал да покрене истрага против демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден и неговиот син Хантер поради наводна корупција. Тој притоа ѝ се закани на Украина дека ќе ја запре најавената воена помош доколку не отвори истрага.

    Во првата фаза од постапката, Разузнавачкиот комитет на Претставничкиот дом ќе продолжи со истрагата и ќе одржува јавни сослушувања. Демократите планираат тие да се одржат во наредните недели.

     

     

     

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари